На денешен ден пред точно девет години (27.03.2008 година) на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани се одигра ревијален фудбалски натпревар помеѓу ветераните на „Осогово“ (Кочани) и ветераните на „Работнички Кометал“ (Скопје).

На трибините се собраа одвај околу стотина гледачи, но тие што дојдоа не зажалија, бидејќи ги видоа мајсториите на некогашните фудбалски мајстори: Ќириќ, Јанев, Мицевски, Милошевски, Зефиќ, Неделковски од едната страна и на Паунов, Манов, С.Јанев, Димитровски, Милосавов, Ѓеорѓиев и други, од другата страна.

Се играше фудбал за забава во кој гостите од Скопје беа поефикасни и на крајот заслужено славеа со 4:3. Головите за „Осогово“ ги постигнаа Соколов, Ѓеорѓиев (пенал) и Наков, а за гостите од Скопје Ќириќ (2), Мики Стојановски (пенал) и Филипов (автогол).

Натпреварот го судеше Сашко Ангелов со помошниците Александар Ангелов и Серафим Ангелов.

По натпреварот сите заминаа на заеднички ручек во „Але Дар“.

С. Ивановски

 

 

P1330316

P1330364

P1330375

P1330348

P1330418

P1330459

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари