ДВЕ ПРВИ МЕСТА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – КОЧАНИ

април 26, 2023
1 минути

Во пресрет на вечерашниот концерт во склоп на настанот „Музичка среда“ а со наслов „Низ традицијата“ убави вести приредија ученици од ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани.

Имено Макарија Иванова класа наставник Марија Лазарова и Јован Цветанов класа наставник Душан Стојанов ги освоија првите места од ЗМП Полихимниа Скопје.

Патем, Макарија Иванова ја освои втората награда на онлајн натпреварот Orbetello Piano Competition

Убави моменти пред концертот кој ќе се одржи вечерва (Среда) со почеток во 18:00 часот во малата сала на „Мултикултурниот центар“ во Кочани.

Убава забава за сите кои ќе присуствуваат на концертот.

ООМУ „Ристо Јуруков“

Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ