По завршувањето на денешниот натпревар во кој „Осогово“ како домаќин загуби од екипата на „Овче Поле“ со 0:2 (0:0) тренерот на екипата Крсте Крстев во соблекувалната им соопштил на играчите дека си поднесува оставка. „Со ваков фонд на играчи од кои поголемиот број се младинци толку се нашите можности. Иако се подготвувавме два месеци уште на стартот покажавме дека немаме играчки потенцијал за нешто поголемо. Не можам да се помирам со податокот дека на домашен терен можеме така да одиграме. На домашен терен да се бориме са да освоиме бод за мене е несфатливо. Очигледно е дека работите не се добри, па затоа мислам дека оставката што ја поднесов е за доброто на сите во клубот. Осогово ми е во срцето, се надевам дека управата ќе ја надмине оваа состојба и дека клубот ќе почне да победува, а јас ќе се радувам на тие успеси без разлика што нема да бидам на клупата“ е првата информација која ја добивме од Крсте Крстев по поднесената оставка. Во меѓувреме дознаваме дека управата на клубот уште не ја прифатило оставката на Крстев и дека до среда ќе имаат доволно време да размислат кога и ќе го дадат конечниот одговор. С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари