Ракометарите на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ како претставници на Сојузот на училишен спорт Кочани ќе учествуваат на „Зонските натпревари“ откако денес ги совладаа сите свои противници и ја понесоа титулата Шампиони на „Општинските училишни натпревари во ракомет“.

Тие најпрвин ја совладаа екипата на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари со високи 15:0, за да во полуфиналето бидат поуспешни од ОУ „Климент Охридски“ од Облешево со 13:10.

И финалниот натпревар го решија во своја полза 13:05 против екипата на ОУ „Раде Кратовче“.

Учениците (ракометарите) на професор Марија Коцев по серијата победи со доста оптимизам го очекуваат настапот на Зонските натпревари кои според календарот треба да се одржат следната седмица.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари