Младите кошаркари на „Баскет Дино“ со извонредна игра особено во последната четвртина ја совладаа екипата на „МЗТ и со „камата“ и се реваншираа за досега единствениот пораз во лигата.

Кошаркарите на тренерот Лазаров лошо го започнаа натпреварот па по првата четвртина имаа негатива од девет поени разлика (12:21). Но по паузата како да излезе некоја нова екипа на паркетот, почнаа да ја играат својата игра и во последната четвртина се влезе со еден поен разлика за кочанските млади кошаркари (48;47).

Последната четвртина го покажа сиот раскош на овие млади дечиња. Играа како во транс и истата ја добија со 12 кошеви разлика (20:08) за конечни 68:55.

По одиграното претпоследно коло „Баскет Дино“ и „МЗТ“ со ист број поени се на делбата на првото место со таа разлика што кочанчани имаат за три поени подобар меѓусебен кош-количник.

Во последното коло „Баскет Дино“ и гостува на „Академија Струмица“ по што ќе започне доигрувањето во единствената лига во која по трите најдобро пласирани екипи од двете досегашни групи ќе се борат за шампионската титула.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари