Учениците од ОУ „Никола Карев“ од Кочани се годинешните Шампиони во Општинската Училишна Лига во футсал. Иако првакот се знаеше уште пред да се одигра последното коло сепак мораше да се почека да завршат сите натпревари па тогаш да бидат прогласени најуспешните.

Инаку учениците од ОУ „Никола Карев“ годинава како да немаа некоја поголема конкуренција, првенството го завршија со максимален број на бодови и фантастична гол разлика 69:12, што е знак за квалитет.

Резултати од последното 10-то коло:

„Никола Карев“ – „Раде Кратовче“  3:2

„Крсте Петков Мисирков“ – „Малина Попиванова“  0:5

Слободен во ова коло: „Св. Кирил и Методиј“

Конечна табела:

Т А Б Е Л А

  1. ОУ„Никола Карев“                 8   8   0   0     69:12     24
  2. ОУ„Раде Кратовче“                8   6   0   2     29:12     18
  3. ОУ„Св.Кирил и Методиј“      8   3   0   5     20:45      9
  4. ОУ„Малина Попиванова“      8   2   0   6     18:31      6
  5. ОУ„Крсте П.Мисирков“         8   1   0   7     08:44      3

Наградите на најуспешните дополнително ќе им бидат доделени.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари