Во присуство на членови од Риболовното Здружение „Кочански рибар“ и претставник од Подрачната единица на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, денес се изврши т.н. пролетно порибување на езерото Гратче.

Според Претседателот на здружението „Кочански рибар“, Димитар Димитров езерото е порибено со 50 килограми ситен крап кој е законска обврска и околу 300 килограми крап со просечна тежина од 2 килограми. Најновото порибување како што истакна Димитров здружението го чинело околу 100.000,00 денари сопствени средства и средства добиени од неколку спонзори.

Од здружението истакнуваат дека сите љубители на риболовот засега се придржувале кон правилникот што тие го имаат изготвено а тоа е дека со дневна или годишна карта може дневно да се улови само еден крап, додека понатамошното ловење налага истите да се враќаат назад во водената средина.

Риболовот на езерото е дозволен секаде освен на потегот каде „Мала Река“ и „Голема Река“ се влеваат во езерото бидејќи сега е време кога крапот се мрести а тој тоа го прави во плитките води.

Од здружението апелираат и понатака на почитување на правилникот за риболов а воедно и потсетуваат дека дневната карта чини 150,00 денари а месечната 1.200,00 денари.

Најавено е дека следното порибување ќе биде во есен оваа година кога освен крап е планирано и порибување со пастрмка.

С. Ивановски

DSCN8488

DSCN8449

DSCN8467

DSCN8480

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари