Деновиве во неколку населени места од полскиот дел на Кочани се асфалтираат кратки улици.

Според Драги Илијевски, раководител на Одделението за уредување на градежното земјиште во Општина Кочани, во моментот се поставува асфалт на улици во селата Долни Подлог и Мојанци. Асфалтирани се и улици во Тркање и Прибачево, а наредните денови ќе се работи на асфалтирање во Оризари.

„Станува збор за улици со различна ширина и должина, но тоа се пред сè кратки улици, кои се важни за жителите од овие населени места“ изјави Илијевски.

Изведувач на работите е скопското градежно претпријатие „Битен“, а парите се од Буџетот на Општина Кочани.

unnamed (1)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари