Љубителите на спортот од „градот на оризот“ во Сабота и Недела ќе бидат сведоци само на фудбалски натпревари. Пингпонгарите и овој викенд нема да го одиграат редовното коло, кошаркарите на „Баскет Дино“ гостуваат во Струмица, па се сè сведува на фудбалот.

Во Сабота во рамките на Првата Фудбалска Лига за жени на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани со почеток во 15:00 часот ќе се одигра натпреварот „Кочани“ – „Ас Јунајтед“.

На останатите натпревари се среќаваат:

„Истатов“ – „Драгон“

„Тиверија“ – „Речица“

„Атлетико“ – „Борец“

Слободна е екипата на „Топ Гол“

Во Третата Фудбалска Лига – Исток се играат натпреварите од 22-рото коло во кое екипата на „Осогово„ го пречекува „Кит Го Пехчево“ што воедно е и дерби натпревар на колото.

Комплетни двојки за 22-рото коло:

„Осогово„ – „Кит Го Пехчево“

„Каменица Саса“ – „Слога 1934“

„Работник“ –  „Напредок Здравје“

„Тиверија“ – Малеш“

„Брегалница Голак“ – „Василево“

„Овче Поле“ – „Рудар“

Слободни се екипите на „Беласица“ и „Плачковица“.

Сите натпревари се закажани за во 15:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари