Интересен и крајно неизвесен натпревар се одигра денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани во кој и двете екипи можеа да дојдат до победата, но трите  бодови сепак останаа во Кочани.

„Кочани“ и „Ас Јунајтед“ по сончево време одиграа натпревар кој победникот го даде дури во вторите четириесет и пет минути.

Ако во првото полувреме изостанаа возбудувањата пред двата гола, во второто и двете екипи тргнаа по бодовите и беа создадени неколку прилики за гол.

Се играше 60’ кога домашната одбрана подзаспа па еден гостински играч изби сам пред голот на „Кочани“, и кога сите ја видоа топката во мрежата таа заврши покрај десниот дирек во гол-аут. Казната стигна само три минути подоцна. Верица Горгиева доби употреблива топка на десната страна следуваше удар откосо по земја и топката заврши во мрежата на стружанки. Не поминаа ниту четири минути а гостинските мораа повторно да тргнат од центарот. Петровиќ со удар од 3-4 метри биеше по средината на голот во мрежата.

И кога сите помислија дека работата е завршена гостинките на десет минути пред крајот на средбата постигнаа погодок, но немаа ниту време ниту сила за потполн пресврт.

Како и да е, заслужена победа на „Кочани“ од 2:1 (0:0).

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари