Исти настан, исто место, речиси исти маски, само што лицата се нови, но и денес насмеани, радосни весели.

Таква беше денес сликата на „Летната Сцена“ при ЦК „Бели Мугри“ во Кочани по повод 1-ви Април „Денот на шегата“ низ која продефилираа дечињата од сите клонови на Детската Градинка „Павлина Велјанова“ и учениците од четирите основни училишта во градот.

Со своите маски, костими и насмевки ни приредија забава која беше празник за очите и релаксација на душата.

Со своите декорации и однесувања дечињата на еден убав начин не потсетија на убавите нешта, не вратија во минатото кога забавата беше секојдневие на овие простори.

Во друштво на своите воспитувачки и наставници тие играа, пееја, едноставно се забавуваа, со што и ги вратија насмевките на сите оние кои дојдоа да ги видат своите дечиња, внучиња, комшии и пријатели.

Забавата беше на највисоко ниво а спомените на неа долго време ќе бидат во меморијата на сите оние кои беа дел од неа.

С. Ивановски

DSCN8658

DSCN8718

DSCN8777

DSCN8676

DSCN8986

DSCN8863

DSCN8846

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари