Денес во салата за состаноци на Локалната самоуправа – Кочани, беше потпишан договорот со „Жикол“ од Струмица, фирма којашто како што информираше Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски е избрана за изведувач на градежните работи од проектот Локален пат – ул. „Гоце Делчев“ за поврзување на с.Оризари со регионалниот пат и град Кочани – прв дел.

Според Димитровски општината планира да изврши доизградба на улицата „Гоце Делчев“ во селото Оризари во должина од 743 м, ширина на коловозот од 7 м и тротоари од двете страни на коловозот со ширина од 1,5 м., а заради теренските услови ќе бидат изградени потпорни ѕидови, пробивање на дел од улицата, подобрување на тлото на ново пробиениот дел, тампонирање, поставување на рабници, изградба на елементи за одвод на атмосферска вода, асфалтирање и изградба на тротоари.

DSCN9617

 

Со изведбата на сообраќајницата се планира да се добие една целина со што ќе се овозможи подобра сообраќајна врска и подобар пристап за влез во Оризари и поголема безбедност на сообраќајот.

Грантот што е добиен со помош на ЕУ ИПА инвестицискиот фонд во износ од 260.000 евра ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот и работните услови во селото Оризари, како и за поквалитетен и побезбеден проток на возила и подобрување на пристапот до регионалниот пат и поврзување со градот Кочани.

За овој потпроект од Проектот за подобрување на општинските услуги, се издвоени околу 56.000 евра од општинскиот буџет.

С. Ивановски

DSCN9616

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари