Учениците од ОУ „Климент Охридски“ од Облешево предводени од професорот Тошо Геров ќе учествуваат на годинешното „Државно првенство“ во футсал откако станаа победници на Општинските, Зонското и Регионалното првенство.

Како победници на Општинското првенство тие учествуваа на „Зонското првенство“ кое се одржа во „Спортската сала“ во Оризари и во конкуренција со екипите од Берово, Делчево, Македонска Каменица и Виница го освоија заслужено првото место со што се стекнаа со право да учествуваат на „Регионалното првенство“  што се одржа во Велес.

Во полуфиналето тие ја совладаа екипата од Гевгелија со 5:1 а во финалето екипата од Струмица со 7:4 и како победници на 20.Апрол ќе учествуваат на „Државното првенство“ што ќе се одржи во Куманово.

Професорот Геров е задоволен од досегашниот успех  на неговите ученици, но и со оптимизам ќе патува за Куманово, бидејќи како што истакна има една солидна генерација што е гаранција за висок пласман.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари