Сигурниот од на „жетварите“ кон местото кое води во Втората фудбалска лига продолжи и во Берово. Во доста интересен натпревар пред голем број на гледачи „Осогово“ го совлада домаќинот „Малеш“ со 4:2 (3:1).

Домаќините доста офанзивно го започнаа натпреварот што беше изненадување за „жолто-сините“ а како резултат на таквата игра е и водството за Малеш во 11’ преку Аврамски. Добро е што на време кочанчани сфатија дека имаат достоен противник, па заиграа како знаат и умеат. Плод на подобрата игра на „Осогово“ е постигнувањето на два гола за две минути.

Најпрвин резултатот го изедначи Натков по оправдано досудениот пенал на денес мошне добриот судија Марјан Гоцевски во 22’, за да веќе во следната минута по убаво изведениот контра-напад Мојсовски со прекрасен лоб удар по втор пат ја затресе мрежата на Беровчани. Кога во 40’ Аксентиев зголеми на 3:1 многумина помислија дека работата е завршена. Но во второто полувреме домаќините повторно почнаа да напаѓаат. Носени од своите верни навивачи тие во 64’ преку И Шонтевски го намалија резултатот на 2:3 и имаа уште две убави прилики за гол да дојдат до израмнување, но првиот удар на И.Шонтевски Данев со прекрасна интервенција го одбрани а вториот заврши само неколку сантиметри над пречката во гол-аут. Точка на резултатот и на новите три бода за „Осогово“ стави расниот стрелец Тодоров, кој само по неколку минути проведени во игра со манир на искусен стрелец ниско по земја биеше во мрежата на домаќините.

DSCN9804

Кога се ќе се собере заслужена победа на „Осогово“ во натпревар кој помина во фер и коректна игра со исклучок на 54’ минута кога непотребно се создаде голема расправија помеѓу играчите од обете екипи која за среќа мошне бргу беше смирена.

Комплетни резултати од 23-тото коло:

„Малеш“ – „Осогово“  2:4

„Слога 1934“ – „Плачковица“  1:6

„Каменица Саса“ – „Овче Поле“  4:0

„Напредок Здравје“ – „Тиверија“  3:0

„Кит Го Пехчево“ – „Брегалница Голак“  2:1

„Василево“ – „Рудар“  3:2

Слободни беа екипите на „Работник“ и „Беласица“.

Т  А  Б  Е  Л  А

1.Беласица  55  (96:07)

2.Плачковица  51  (56:10)

3.Осогово  51  (49:17)

4.Каменица Саса  46  (54:19)

5.Овче Поле  40  (52:21)

6.Кит Го Пехчево  38  (36:23)

7.Напредок Здравје  27  (30:47)

8.Брегалница Голак  24  (36:56)

9.Василево  24  (30:50)

10.Малеш  22  (34:43)

11.Тиверија  20  (25:48)

12.Работник  19  (16:34)

13.Рудар  17  (22:63)

14.Слога 1934  14  (23:52)

С. Ивановски

DSCN9701

DSCN9678

DSCN9795

DSCN9770

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари