Младите ракометари на „Младинец“ од Кочани со победата од 15:10 над екипата на „Дедо Иљо Малешевски“ од Берово на турнирот што се одржа во Виница обезбедија настап во доигрувањето на четирите екипи за годинешен првак во категоријата 2002/03.

Наспроти момчињата девојчињата со истиот противник се држеа добро се до последните десетина минути кога не успеаја во она што го имаше зацртано нивниот стручен штаб, претрпеа пораз од 11:15.

Но девојчињата имаат нова шанса, во следното коло да го направат она што веќе го направија нивните клупски другари.

С. Ивановски

17837574_10202981933106274_456848589_o

17842322_10202981932746265_2145415319_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари