Со шест победи од исто толку одиграни натпревари момчињата од ОУ „Никола Карев“ од Кочани се годинешните победници во Општинската Училишна Лига во кошарка.

На годинешното првенство зедоа учество четирите основни училишта од Кочани, а кошаркарите на ОУ „Никола Карев“ покажаа супериорност против сите свои противници и на крајот заслужено ја понесоа титулата „шампиони“. На второто место со четири победи и два порази се учениците од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ а трети ОУ „Малина Попиванова“ кои единствените две победи ги имаа против учебниците од ОУ „Раде Картовче“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари