Десетина дена порано отколку претходните години денес стартување годинешната сезона за наводнување.

Како што не известија од АД „Водостопанство“ – Подружница „Брегалница“ – Кочани поради намелените количини на вода во браната Калиманци со предвременото пуштње вода во нивите се прават обиди да се искористи барем водата што е во речните корита и колку-толку да го надомести недостатокот на вода.

Токму намалената количина на вода во акумулациите е причината поради која годинава со ориз ќе се засеат многу помалку хектари од претходните години.

Некои земјоделци го поздравуваат намалениот број на ниви што ќе се засадат со ориз ѝ од причина што државата никако да успее да обезбеди соодветна цена за оваа култура, па арпа и од претходните години им стои по амбарите.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари