Општина Кочани планира да потроши околу 4.500.000,00 денари без ДДВ, или нешто повеќе од 72.000 Евра за набавка на телекомуникациски услуги, односно мобилни телефонски броеви, се со цел за да си бесплатно разговараат во следниот период од следните две години.

Според направената Спецификација предвидена е набавка на 1.040 мобилни телефонски броеви, од кои најголемиот дел 595 се за вработените во осумте училишта (5 основни, 2 средни и 1 музичко) библиотеката и градинките. 272 се наменети за вработените во „Водовод“ и 141 за општинската администрација, Територијалната Противпожарна единица, Советот на Општина Кочани како и за Претседателите на Урбаните заедници (некогашните Месни заедници).

За да иронијата биде поголема ќе бидат набавени и 32 мобилни телефонски броеви за Општината Чешиново-Облешево, а се во склопот на нивната досегашна соработка.

Значи и овој пат „водата си ја вртат на нивната воденица“. Телефоните и телефонските броеви граѓаните да им ги плаќаат.

За илустрација само, од понудувачот се бара да обезбеди 6 пакети со тарифни модели и тоа:

за 670 броеви месечна претплата од 100,00 денари,

за 150 броеви по 150,00 денари,

за 93 броеви по 300,00 денари

за 11 броеви по 400,00 денари

за 102 броеви по 500,00 денари и

за 14 телефонски броеви месечна претплата од 1.000,00 денари.

Како ќе реагираат на сето ова граѓаните може само да се претпостави но кој донел таква одлука, тој и ќе си ги сноси последиците.

Инаку, Јавниот тендер е распишан и ќе трае до 25-ти Април а услугите би требало да се користат од почетокот на месец Јули, период кога истекува моментниот договор со ОNЕ кој беше склучен во 2015 година.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари