Џудо Клубот „Гладијатор“ од Кочани од неодамна започна со реализацијата на проектот „Спорт за сите“ кој се спроведува во основните и средни училишта во општината Кочани.

Стартот на проектот со поддршка на директорот Благојчо Стојановски започна во ОУ „Никола Карев“ а неговата цел е младата популација да се тргне од сите пороци на денешнината кои демнат на сите страни и токму преку спортот да се заштитат и да ја подигнат својата самодоверба.

Проектот содржи доста елементи од џудото како спорт со што на некој начин и се врши популаризација на џудото кое во последно време зема се поголем замав во општината.

С. Ивановски

87

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари