Со две бронзени медали се вратија каратистите од Карате Клубот „Кочани“ од 11-тиот Меѓународен карате турнир „Гази Баба Опен 2017“.

„Кочани“ на турнирот учествуваше со шест натпреварувачи.

Љубомир Давитков и Иван Јанкулов го освоија третото место во категоријата „борби“ до 63 килограми, додека Наталија Карова беше 5-тта.

Останатите натпреварувачи: Верица Карова, Натали Веселиновска и Томо Кузманов иако прикажаа добри борби сепак од поквалитетните свои противници загубија уште во првото коло.

С. Ивановски

98

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари