Екипите на „Тиверија“ и „Истатов“ со предност ќе патуваат на реванш натпреварите во полуфиналето на Фудбалскиот Куп на Македонија, за жени, откако денес ги совладаа своите противници „Драгон 2014“, односно „Кочани“.

На теренот на Спортско-рекреативниот Центар „Истатов“ кочанчанки први го откриле резултатот, во 38’ преку Анета Горгиева постигнала гол и со предност за „жетварките“ се заминало на одмор. Но како што истакнуваат од таборот на „Кочани“ во вторите четириесет и пет минути домаќинките помогнати од судиите дошле до предност од 3:1. Головите за „Истатов“ ги постигнале: Ели Јаковска, Кристина Аџулеска и Јана Бошевска.

На вториот натпревар „Тиверија“ го совладала „Драгон 2014“ со 4:3. Струмичанки до 55’ имале водство од 3:0 но во следните дваесет минути дозволиле гостинските играчи да израмнат на 3:3. Сепак домаќинките во 85’ постигнале и четврт погодок и со мала предност патуваат на реваншот во Скопје.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари