Вечерва околу 23:00 часот на влезот во Кочани во непосредна близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“ кај „Атом“ се случи тешка сообраќајна несреќа во која според очевидци едно лице настрадало.

Во сообраќајката учествувале ПМВ „Голф 4“ и „Мерцедес“ а настраданото лице се наоѓало во „Голф 4“.

На лице место веднаш интервенирало дежурното одделение на ТППЕ Кочани како и медицинска екипа.

Причините за сообраќајката допрва ќе се утврдуваат.

С. Ивановски

81

82

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари