За сообраќајната несреќа која во средата околу 23:00 часот се случи во Кочани а која предизвика згрозеност во „градот на оризот“ МВР на Република Македонија, СВР Штип излезе со официјално Соопштение кои го пренесуваме во целост.

На ден 12.04.2017 година во 23:05 часот во ПС ОН Кочани пријавено е дека на Булевар „Тодосија паунов“ кај Бензинската пумпа на „Мак Петрол“ во Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Мерцедес“ со кочански регистарски таблички, управувано од А.П. (32) од Кочани и ПМВ „Голф“ со винички регистарски таблички управувано од Д.С. (24) од Виница.

Со возило на „Брза помош“ од Кочани возачите на двете возила биле пренесени во „Здравен дом“ – Кочани, каде докторот кај возачот Д.С. на ПМВ „Голф“ констатирал смрт, додека возачот А.П. на ПМВ „Мерцедес“ се здобил со телесни повреди и е задржан на лекување.

Увид извршил Јавен обвинител од ОЈО Кочани и увидна екипа од ПС Кочани.

Се работи за утврдување на причините за настанатата сообраќајна незгода.

66

67

45.Сообраќајка кај Атом

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари