Соочени со фактот дека поради одложувањето на Локалните избори ним само им се за помалку од два месеци продолжи мандатот а се со цел да ги имаат и понатака привилегиите, како што дознаваме Градоначалниците од Источниот регион испратиле петиција до ЗЕЛС за измени на изборниот законик.

Своите барања тие ги засновуваат на податокот дека доколку до 15-ти Мај не се донесе таква измена тие по тој рок нема да имаат право на потпис а со тоа како што наведуваат нема да можат вработените во ЛС, образованието и градинките да ја земаат својата редовна плата.

Градоначалниците и претходно знаеја дека ним мандатот законски им завршуваше на 22-ри Март кога заедно со советниците од Советите го исполнуваат четиригодишното работење. Државната администрација надевајќи се дека Локалните избори за кратко ќе бидат поместени, на сите Градоначалници им го продолжи рокот за неполни два месеци, но како дефинитивно е јасно дека избори нема да има во блиска иднина тие решија да почнат да ѕвонат на сите ѕвона само и понатака да бидат „оската“ околу која се вртат општините.

Дали нивната петиција ќе донесе некаков пресврт не може да се прогнозира, но факт е дека и тие со своето однесување допринесоа за ваквата состојба.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари