Одлуката двете големи улици „Кеј на Револуцијата“ и „Маршал Тито“ да бидат еднонасочни за да може да има што поголем простор за паркирање а со тоа и полнење на општинскиот буџет доведе до она што создава голема нервоза кај учесниците во сообраќајот.

Со воведувањето на еднонасочни улици во Кочани, буквално секојдневно се создава сообраќаен хаос. Во разговорите со возачите дојдовме до сознанија дека на некои им треба и повеќе од половина час да ја поминат делницата која некогаш ја минуваа са 2-3 минути.

Она што денес се случуваше на улиците во Кочани е за дискусија а и за поставување на прашањето „Кој ја измисли оваа лудорија“?

Нервозни возачи, нервозни пешаци, и доста љубезни полицајци кои за да ја ублажат оваа состојба денес беа распоредени речиси на сите крстосници во градот, почнувајќи од сегашниот полукружен тек!, па преку двете еднонасочни улици  завршувајќи кај ОУ „Раде Кратовче“. Да не беше полицијата толку ажурна сигурно е дека некои ѝ цел ден ќе изгубеа седнати во своите автомобили заробени во една од двете еднонасочни улици.

Дополнителен проблем на овој сообраќаен хаос очигледно е дека прават и т.н. диви таксисти кои во центарот на градот возат нерегистрирани и хаварисани возила а без некој да донесе одлука на тоа да се стави забрана.

Денешниот ден „Велики Четврток“ беше само еден мал тест на она што не допрва очекува, во летниот период кога гастарбајтерите ќе се вратат дома да поминат дел од својот одмор со своите најблиски.

Сакале или не, оние што ја донесоа оваа контроверзна одлука ќе мора што поскоро да седнат на истите столчиња и да изнајдат решение како понатака, бидејќи вака повеќе не оди.

С. Ивановски

DSCN9916

P1790714

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари