Ден порано поради Велигденските празници се одиграа натпреварите од 24-тото коло во Третата Фудбалска Лига – Исток. „Осогово“ како домаќин ја совлада добрата екипа на „Напредок Здравје“ со 4.1 (2:0) и ја продолжија низата на девет победи од исто толку натпревари во пролетниот дел од сезоната.

Резултатот беше отворен во 6’ кога по едно мошне убаво проигрување Аксентиев си создаде простор за удар и со манир на искусен стрелец ниско по земја го совлада немоќниот Здравков. По водството домаќините малку како да подзастанаа па им дозволија на гостинските играчи да се разиграат. Сепак во 38’ по нафрлената топка од корнер Мојсовски упати удар со глава и мрежата на гостите по втор пат се заниша.

DSCN9980

Кога во 53’ Аксентиев по втор пат се запиша во листата на стрелците беше јасно дека „жетварите“ ќе забележат сигурна победа. По водството од 3:0 „жолто-сините“ имаа уште неколку шанси за гол но гостинскиот голман Здравков неколку пати сигурно интервенираше и ја сочува својата мрежа.

Во 86“ гостинскиот играч Ковачев ја искористи подзаспаната домашна одбрана па по нафрлената топка од корнер ја спроведе топката во мрежата. И кога сите на стадионот очекуваа мошне добриот судија Сашко Ристов да отсвири крај на натпреварот Коцевски од косо испрати вистинска бомба и топката заврши во спротивниот десен агол на немоќниот Здравков.

Се на се интересен и коректен натпревар. По доста топло време Судиската тројка предводена од Сашко Ристов од Струмица одлично си ја заврши работата.

DSCN0115

Комплетни резултати од 24-тото коло:

„Осогово“ – „Напредок Здравје“  4:1

„Беласица“ – „Слога 1934“  11:0

„Плачковица“ – „Каменица Саса“  2:0

„Брегалница Голак“ – „Малеш“  1:0

„Рудар“ – „Кит Го Пехчево“  1:4

„Овче Поле“ – „Василево“  0:0

Слободни во ова коло беа екипите на „Тиверија“ и „Работник“.

DSCN0219

Т  А  Б  Е  Л  А

  1. Беласица 58 (107:07)

2.Плачковица  54  (58:10)

3.Осогово  54  (53:18)

4.Каменица Саса  46  (54:21)

5.Овче Поле  41  (52:21)

6.Кит Го Пехчево  41  (40:24)

7.Брегалница Голак  27  (37:56)

8.Напредок Здравје  27  (31:51)

9.Василево  25  (30:50)

10.Малеш  22  (34:44)

11.Тиверија  20  (25:48)

12.Работник  19  (16:34)

13.Рудар  17  (23:67)

14.Слога 1934  14  (23:63)

С. Ивановски

DSCN9983

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари