Голот што го постигна Александар Георгиевски играч на „Брегалница Голак“ против екипата на „Кит Го Пехчево“ заслужува поголем публицитет од оној што го направија спортските пера во државата.

Имено во рамките на 23-тото коло во Пехчево се одигра натпреварот „Кит Го Пехчево“ – „Брегалница Голак“ 2:1. При водство за домаќините од 1:0 беше досуден слободен удар за гостите од Делчево на оддалеченост од која само мајсторите на слободните удари се осмелуваат да бијат директно во голот.

Играчот на „Брегалница Голак“ Александар Георгиевски ја намести топката на повеќе од 30 метри оддалеченост од домашниот голман, зеде краток залет и испрати вистински проектил, а топката заврши во горниот лев агол на немоќниот голман на Пехчевци.

Вистински евро-гол, кој ако го постигнеше некој играч од привилегираните клубови во државата ќе се зборуваше со денови и месеци, вака останува на оние кои ги следат настаните од пониските лиги сето ова да го документираат.

Погледнете и уживајте.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари