СВР Штип за време на велигденските празници од 14.04-18.04.2017 година презеде плански мерки и активности насочувајќи ги службите за заштита на имотот на граѓаните и одржување на поволен јавен ред и мир.

Како резултат на преземените мерки и активности констатираме севкупна поволна безбедна состојба со регистрирани на мал број на кривично правни настани и нарушување на ЈРМ.

Севкупната безбедност на СВР Штип е на високо ниво. Ваквата состојба се должи на посветеноста на полициските службеници во сите сегменти ма полициското работење и истите имаат активен придонес во зголемувањето на безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Во однос на безбедност на сообраќајот, деновиве имавме засилено присуство на полициски службеници на сите фреквентни улици и места. За целиот наведен период на подрачјето на СВР Штип од областа на сообраќајот се случиле 3 сообраќајни незгоди со 4 полесно повредени лица и 3 сообраќајни незгоди со материјална штета.

Началник

на СВР Штип

Ванчо Синадиновски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари