Ромската заедница во Кочани заедно со уште седум други ромски заедници во државата се носители на годинешната кампања „Каков белег ќе оставиме? Ти избираш!“.

Токму денес во салата на Советот на Општина Кочани беше одржана трибина на кампањата „ Каков белег ќе оставиме? Ти избираш!“ чија цел се политичките партии, Советите на општините, Ликалните самоуправи, како и самите граѓани Роми кои директно се засегнати со проблемите.

Според она што беше кажано на трибината во Кочани веќе биле утврдени главните проблеми со кои се соочува ромската заедница а посебен белег е даден на образованието, вработувањето, урбанизацијата, како и сместувањето на семејствата во објектот „Стара касарна“.

Носител на кампањата е невладината организација Рома С.О.С, од Прилеп а истата е поддржана од „Националниот демократски институт на Македонија“.

С. Ивановски

P3660325

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари