Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија Кристине Алтхаузер престројување во работна посета на Кочани.

Таа најпрвин ја посети Локалната Самоуправа каде со Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски разговараа за соработката на Германската амбасада со општината, како и за понатамошна соработка на бизнис компаниите од Кочани со соодветни компании од Германија.

Високиот гостин ја посети и градинката „Ѕвездички“ каде Германската амбасада има донирано 50 креветчиња, 50 столчиња и 18 масички сите за потребите на дечињата од овој клон. Вредноста на донацијата како што истакна Директорот на Градинката „Павлина Велјанова“ Лидија Серафимова изнесува 4.644 Евра.

Во чест на високиот гостин дечињата од градинката „Ѕвездички“ приредија пригодна културно-забавна програма.

Пред да замине за Скопје Амбасадорот Кристине Алтхаузер посети и неколку компании во општината.

С. Ивановски

DSCN0299

DSCN0285

DSCN0346

DSCN0384

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари