Чудно ама вистинито, иако поминаа речиси 8 (осум) години од формирањето на „Урбаните заедници“ до ден денешен никој не најде за потребно да стане и да каже како функционираат.

За илустрација само, на 29.09.2009 година во својот прв мандат Градоначалникот Ратко Димитровски им ги додели решенијата на тогаш именуваните Претседатели на „Урбаните заедници“, и од тогаш молк.

Иако јавноста доста шпекулира околу нивното постоење, до сега ниту еден советник од која и да партија не поставил советничко прашање, ниту градоначалникот а пак ниту некоја од службите во Локалната самоуправа кажал збор-два околу нивното постоење или работење.

Шпекулациите околу тоа во што се сè претворени „Урбаните заедници“ не сакаме да навлегуваме, но во интерес на населението потребно е некој да стане и јавно да каже дали нивното постоење е оправдано и што досега истите имаат сработено.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари