Во организација на НУ Центар за култура „Бели Мугри“ од Кочани, а во соработка со Мултимедијалниот центар „Карпино“ од Куманово денес во „Салон 2“ беше отворена изложбата од Ликовната колонија „Карпино 2016“ која минатата година се одржа во Куманово.

„Поставени се 23 дела од ликовни уметници од Македонија, Србија, Бугарија и Романија кои минатата година учествуваа на 14-тата Ликовна колонија „Карпино 2016“ која се одржа во Куманово во периодот од 07.09 до 14.09 2016 година. Изложбата е доста интересна и љубителите на ликовната уметност а и сите останати заинтересирани ќе можат да ја посетат заклучно со 05 Мај“ беа зборовите на м-р Александра Димитрова, Стручен соработник за визуелна уметност, архитектура и дизајн при НУЦК „Бели Мугри“ од Кочани.

Пред голем број љубители на ликовната уметност за изложбата свое обраќање имаше, а воедно истата и ја прогласи за отворена Зоран Павловски, Претседател на Мултимедијалниот центар „Карпино“ од Куманово.

С. Ивановски

DSCN0386

DSCN0388

DSCN0391

DSCN0393

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари