Со цел да се одржи континуитетот на одигрување натпревари „Осогово“ кое е слободно во 25-тото коло од Третата Фудбалска Лига – Исток го искористи слободниот термин и денес на стадионот „Никола Мантов“ одигра натпревар против лидерот во Третата Фудбалска Лига – Југ „Кожуф“ и победи со 1:0 (1:0).

По сончево но мошне студено време на трибините се собраа околу стотина гледачи, кои сепак беа задоволни од она што го прикажаа и двете екипи.

И двајцата тренери во игра ги внесоа речиси сите оние играчи кои конкурираат за првиот состав.

DSCN0476

Единствениот гол домаќините го постигнаа во 37’. Беше изведен корнер од левата страна, на мошне добро центрираната топка натрча капитенот на „жетварите“ Цветанов и пред гостинскиот голман успеа со глава да ја спроведе во мрежата.

Во второто полувреме и домаќините и гостите имаа по неколку полу прилики за гол но мрежите останаа да мируваат.

Гледачите го поздравија враќањето на зелениот терен на Драган Паунов кој по повредата на коленото конечно по осум месеци пауза се врати онаму каде и што треба да биде, му се врати на фудбалот.

С. Ивановски

DSCN0523

DSCN0622

DSCN0680

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари