Риболовното Здружение „Кочански рибар“ за само четири месеци изврши ново, трето порибување ма езерото „Гратче“.

Овој пат порибени се 27 матици на крап со вкупна тежина од 190 килограми.

Временските услови како што истакнаа од здружението се идеални за ваков начин на порибување па сега очекуваат дека крапот ќе ја фрли икрата и ќе се создаде нов подмладок на риба кој и те како ќе биде значаен за понатамошниот развој на „Спортскиот риболов“.

Риболовот е дозволен секаде на езерото освен на обележаниот дел каде што „Голема Река“ и „Мала Река“ се вливаат во езерото. Причината како што наведуваат од „Кочански рибар“ е токму поради времето за мрестење на крапот. Тој бара плитки места за исфрлање на икрата токму онакви какви што постојат на делот каде важи забраната.

Спортските риболовци кои поседуваат дневна или годишна карта можат да ловат, но и понатака важи правилото дека дневно можат да уловат само еден крап, додека евентуално другите фатени мораат да ги вратат во водите на езерото.

С. Ивановски

 

 

52.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари