Се одиграа натпреварите од 25-тото коло на Третата Фудбалска Лига – Исток во кое пет победи остварија домаќините а единствено натпреварот во Македонска Каменица му припадна на лидерот од Струмица.

Ако до пред некое коло беше најинтересна борбата за третото место сега во опција е и четвртата позиција на табелата. Може лесно да се случи првопласираните три екипи да обезбедат директен пласман во Втората лига што нема да биде невозможно и за четвртопласираните.

Иако „Осогово“ беше слободно во ова коло, разликата помеѓу „жетварите“ и четвртопласираната „Каменица Саса“ остана осум бодови предност во корист на Кочанчани.

Резултати од 25-тото коло

„Каменица Саса“ – „Беласица“  1:3

„Слога 1934“ – „Работник“  1:0

„Плачковица“ – „Овче Поле“  4:0

„Кит Го Пехчево“ – „Василево“  4:0

„Малеш“ – „Рудар“  4:0

„Напредок Здравје“ – „Брегалница Голак“  7:1

Освен „Осогово“ слободна беше и екипата на „Тиверија“.

Т   А   Б   Е   Л   А

1.Беласица  61  (110:08)

2.Плачковица  57  (62:10)

3.Осогово  54  (53:18)

4.Каменица Саса  46  (55:24)

5.Кит Го Пехчево  44  (44:24)

6.Овче Поле  41  (52:25)

7.Напредок Здравје  30  (38:52)

8.Брегалница Голак  27  (38:63)

9.Малеш  25  (38:44)

10.Василево  25  (30:54)

11.Тиверија  20  (25:48)

12.Работник  19  (16:35)

13.Слога 1934  17  (24:63)

14.Рудар  17  (23:71)

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари