Стојанче Атанасов од Зрновци го освои златниот медал на „Балканското Првенство во боди билдинг“ до 19 години, „Бенч прес категорија Т3“  до 82,5 килограми кое изминатата недела се одржа во Врање (Република Србија) и ја понесе титулата „Најсилен тинејџер“.

Со освоеното прво место Атанасов се избори за настап на Европското Првенство кое од 15.06 – 01.07.2017 година ќе се одржи во Полска како и за Светското Првенство кое од 16 – 23.09.2017 година ќе се одржи во Чешка.

Учеството на Балканијадата Стојанче Атанасов го обезбеди со освоеното 5-то место на Државното Првенство У19.

На Државното Првенство У-19 забележителен беше настапот и на Дени Зафирев кој го освои 3-тото место.

Пласманот и на двајцата натпреварувачи од Зрновци е за почитување, но и обврска и понатака да продолжат уште повеќе да работат за да постигнат поголеми резултати.

С. Ивановски

72

73

74

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари