Вчера жителите на селото Грдовци во водите на „Оризарска Река“ која поминува покрај самото село и со чија вода се наводнуваат дел од оризовите ниви забележале помор на рибите во реката.

Од најголеми па до најмали рибите очигледно дека се затровени со некоја хемикалија која повторно некој со мала совест ја испуштил во реката.

И овој пат како и пред неколку дена кога беа загадени водите на реките „Осојница“, „Брегалница“, „Кочанска Река“ ќе се повикува да се пронајде сторителот, но и овој пат како икс пати досега се ќе остане на повиците и никој нема ниту со „малиот прст“ да мрдне.

За само неколку дена да се испуштат хемикалии во четири реки е премногу. Или некој со умисла сето тоа го прави за да нема годинава никаков род на ориз или некој навистина нема ни тронка совест па вака се однесува кон сето она што е заедничко.

Овој пат мора да се оди до крај и да се открие сторителот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари