Во пријателски фудбалски натпревар екипата на „Осогово“ со високи 7:0 (4:0) ја совлада мошне добрата екипа на „Кежовица“ од Штип.

Иако „жетварите“ настапија со доста изменет состав во однос на претходните натпревари, играчите што добија шанса до максимум ја искористија, играа, трчаа, се бореа за секоја топка а како круна на нивното залагање постигнаа и седум голови .

Според играта што беше прикажана пред релативно мал број на гледачи гостите и не заслужија така висок пораз, и тие играа добро а неколкупати одличните интервенции на Лазаров и Данев спречија да постигнат и тие некој гол во Кочани.

Стрелци на головите за „Осогово“ беа Манов (3), Т.Ѓорѓиев (2), а Паунов, А.Коцевски постигнаа по еден погодок.

С. Ивановски

DSCN0859

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари