Од денеска започнува уписот на првачињата во петте основни училишта во Кочани.

Стручните служби очекуваат во прво одделение од основното образование во учебната 2017/18 година да се формираат 19 паралелки со првачиња.

Училиштата веќе упатија писмени покани до децата кои во оваа календарска година наполнуваат 6 години.

„Како прв човек на Општина Кочани, ги поканувам родителите да ја спроведат процедурата за пријавување на децата во училиштата. Сите родители и старатели што нема да ги пријават децата подлежат на законски санкции“ изјави градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски

Уписот трае до крајот на месец мај.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари