Како што не информираат од АД „Водостопанство“, подружница „Брегалница“ – Кочани, утрово во 05:00 часот од системот „Калиманци“ пуштена е вода по двата магистрални канали.
Од системот Калиманци се испуштаат 8 м³/сек. од кои 4,5 м³/сек одат во десниот канал, 0,8 м³/сек. во левиот и 2,7 м³/сек. оди вода во реката Брегалница.
Од испуштените 4,5 м³/сек. во десниот канал 4 м³/сек. одат за наводнување на оризовите полиња а останатиот дел за Овчеполието.
Недостатокот на вода се ги стори своето. Намалени се голем број на оризови површини.
Од АД „Водостопанство“ подружница „Брегалница“ – Кочани, апелираат на рационално користење на водата бидејќи годинава состојбата на вода во акумулационите езера е алармантна.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.