Денес во училишната сала на ОУ „Никола Карев“ во организација на Федерацијата на Училишни Спортови на Македонија се одржаа годинешните државни натпревари во футсал за девојчињата од основното образование.

На првенството освен домаќинот „Никола Карев“ учествуваа и „Коле Канински“ (Битола), „Бајрам Шабани“ (Куманово) и „Браќа Миладиновци“ (Скопје).

По поздравниот говор на Александар Туфекчиевски – Претседател на Федерацијата на Училишни Спортови на Македонија, првенството за отворено го прогласи Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.

Резултати од полуфиналните натпревари:

„Коле Канински“ – „Браќа Миладиновци“ 5:3

„Никола Карев“ – „Бајрам Шабани“  0:6

Во борба за третото место „Никола Карев“ загуби од „Браќа Миладиновци“ 2:3, а во финалето со 3:2 славеше „Коле Канински“ против „Бајрам Шабани“.

Со победата во финалниот натпревар девојчињата од Битола се годинешните државни шампиони за основните училишта во футсал во женска конкуренција.

С. Ивановски

12

13

14

15

16

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари