Од 05 – 07.Мај, Оризари ќе биде домаќин на 4-тиот Меѓународен Фолклорен Фестивал „Традиционални Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора – Оризари 2017“.

Фестивалот на кој ќе учествуваат повеќе Фолклорни Ансамбли и Културно Уметнички Друштва од Македонија, како и од Република Србија ќе започне во Петок (05.05.2017) во 17:00 часот со Свеченото дефиле на учесниците на фестивалот за да потоа се продолжи со однапред утврдената културно-забавна програма.

Вниманието како и секоја година освен традиционалните песни и ора го привлекуваат и традиционалните Ѓурѓовденски игри во река Масалница и обичаи, како биење на млеко, правење масло и познатиот Ѓурѓовденски зелник.

Организаторот ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари и годинава очекува голем број на гости кои ќе уживаат во сето она што учесниците ќе им го понудат.

С. Ивановски

P1370925

P1380024

P1380120

12

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари