Младите кошаркари на „Баскет Дино“ веќе пристигнаа во Бечеј (Република Србија), каде од 05 – 07. Мај ќе учествуваат на Меѓународниот Кошаркарски Турнир за деца „Рода Куп“.

Кошаркарите од Кочани на кои ова им е втор турнир по ред ќе се натпреваруваат во генерациите 2005 и 2007.

Генерација 2005 во Групата „А“ освен „Баскет Дино“ ќе настап и „Седик“ од Сегед и „Топола“ од Бачка Топола, додека во генерацијата 2007 година ќе играат со „Баскет 2000“ од Бања Лука, „Велика Кикинда“ од Кикинда, „Јединство“ од Нови Бечеј и „Мионица“.

И годинава се очекуваат убави вести од Бечеј.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари