„Спортската сала“ во Кочани беше мегданот каде се судрија четирите најуспешни основни училишта на „Државното првенство во кошарка за основните училишта кај девојчињата“.

Освен домаќинот ОУ „Св. Кирил и Методиј“ на првенството учествуваа и екипите на „Лазо Ангеловски“ (Скопје), „Браќа Миладиновци“ (Пробиштип) и „Св. Климент Охридски“ (Битола).

Резултати од полуфиналните натпревари:

„Св. Кирил и Методиј“ – „Св. Климент Охридски“  29:36

„Лазо Ангеловски“ – „Браќа Миладиновци“  46:49

Во борба за третото место:

„Св. Кирил и Методиј“ „Лазо Ангеловски“  27:40, а додека во големото финале ученичките од „Браќа Миладиновци“ ја совладаа екипата на „Св. Климент Охридски“ со 44:37 и се закитија со титулата „Државни прваци“.

Честитки за учесниците но и за организаторите на првенството Федерацијата на Училишни Спортови на Македонија во соработка со „Сојузот на училишниот спорт“ – Кочани.

С. Ивановски

72

73

74

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари