Се одиграа натпреварите од 15-тото коло во Првата Фудбалска Лига за жени во кое по поразот на „Драгон“ во Велес на три кола до крајот на првенството екипата на „Истатов“ и официјално ја завери шампионската титула.

Кочанчанки гостуваа во Струмица со надеж дека со евентуална победа ќе се искачат до третата позиција на табелата. Но наидоа на еден одличен вклопен состав со неколку извонредни поединци кои со една убава и содржајна игра едноставно си поиграа со „жетварките“.

Домаќините поведоа во раната фаза од играта. Уште во 8’ со голот на Димоска го открија резултатот, но гостите од „градот на оризот“ веќе во 15’ израмнија преку Анета Ѓорѓиева и со тој резултат се замина на одмор.

Во второто полувреме потполна доминација на домашните играчи кои со головите на Николовска во 53’ и 76’ и на Ивановска во 89’ сосема заслужено стигнаа до високи 4:1.

Резултати од 15-тото коло:

Тиверија – Кочани  4:1

Борец – Драгон 2.1

Топ Гол – Ас Јунајтед  0:2

Атлетико – Речица  2:0

Слободна беше екипата на „Истатов“

На таблета во водство е Истатов со 35 бода пред Драгон со 32 и натпревар повеќе, Тиверија 20, Атлетико 19, Кочани и Борец со по 16, Топ Гол 13, Ас Јунајтед 11 и Речица 7.

С. Ивановски

DSCN9571

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари