Во присуство на голем број љубители на убаво напишаниот збор, во опуштена и релаксирана атмосфера проследена со неколку музички нумери, вечерва во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ беше промовирана стихозбирката „Врзани до последен здив“, дело на Ленче Стоименова.

Во улога на Рецензент стихозбирката на присутните им ја претстави Жаклина Филипова Свеќароска – Професор по македонски јазик, а стихови од збирката читаа постари членови на ЛК „Копнеж“ од Кочани.

За одбележување е дека на промоцијата како посебни гости присуствуваа и членови од ЛК „Искра“ од Штип.

С. Ивановски

DSCN1289

DSCN1282

DSCN1296

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари