Центарот за развој на Источниот плански регион објави јавен повик за прибирање на понуди од заинтересираните компании за изведба на градежните работи за изградба на спомен обележјето во месноста „Свиланово“, посветена на Македонскиот револуционер и Претседателот на Крушевската Република Никола Карев.

Комплетната реализација на проектот би чинела околу 4.800.000 денари, средства што веќе се добиени од „Бирото за рамномерен регионален развој“.

Фирмата изведувач ќе треба најпрвин да ја расчисти локацијата со површина од 1.600 м² и да ја подготви за поставување на елементи на споменикот, како и останатите придружни елементи. Според веќе изготвениот изведбен проект објектот треба да симболизира амфитеатар во кој ќе бидат поставени терастон гранитни плочи со црвена, жолта и сива боја на вкупна површина од 580 м². Ќе бидат вградени и бехатон плочи на површина од 450 м² за тротоар, паркиралиште и рампа за инвалидни лица. Ќе се постават и десетина клупи за седење а осветлувањето ќе биде со лед светилки што ќе користат електрична енергија добиена од сончеви колектори.

Пријавувањето на јавниот повик за компаниите – изведувачи на  споменикот е до 26 мај а комплетното завршување на споменикот треба да биде готово за три месеци, но не подоцна од 30 Октомври оваа година.

С. Ивановски

Svilanovo5

88

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари