Додека траеше реванш натпреварот од фудбалскиот Куп на Македонија во женска конкуренција, „Кочани“ – „СЦ Истатов 2015“ пријатно беше да се видат на едно место, еден до друг трите голмански легенди на Македонскиот фудбал: Благој Истатов, Лазар Балдазаров и Славчо Абазов.

Тројцата разговараа за времето кога тие беа активни во фудбалот, време кога трибините беа претесни да ги прифатат сите љубители на фудбалот кои и со купена влезница знаеја од нога да ги следат натпреварите.

Големата Македонска фудбалска легенда Благој Истатов имаше и на што да се потсети на овој стадион. Имено додека ги бранеше боите на „Победа“ од Прилеп на овој стадион во полу-финалето од фудбалскиот куп на Југославија за територијата на Македонија „Осогово“ ја совлада „Победа“ со 4:3 а Истатов ја имаше таа несреќа да се најде меѓу стативите пред расположените напаѓачи на „жетварите“ кои освен четирите гола и по двапати го тресеа дирекот и пречката.

Но сите тие сеќавања се дел од фудбалската историја и добро е какви и да биле да се потсети човек на нив, ако ништо друго барем да дознаат нешто помладите вљубеници во фудбалот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари