Иако годинешното 6-то издание на Меѓународниот музички фестивал „Музички бранови 2017“ донесе прекрасни композиции со прекрасни изведби, сепак како шлаг на тортата дојде гостувањето на идната Македонска музичка ѕвезда Мартија Станојковиќ.

На посетителите во Амфитеатарот во ПД „АСНОМ“ Мартија им се претстави со композицијата „Love Will Lead Our Way“  со која како претставничка на Македонија учествуваше на „Евросонг за деца“ кој кон крајот на месец Ноември минатата година се одржа во главниот град на Малта, Лав Валета.

Самото појавување и изведбата на Мартија предизвика вистинско задоволство не само кај посетителите, туку и кај младите учесници на фестивалот.

Поканата упатена од страна на организаторот да биде Мартија дел од овој фестивал се покажа како вистински погодок.

С. Ивановски

DSCN1906

DSCN1888

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари