Пролетната офанзива што ја најавуваа кочанските извидници, конечно започна. Откако беа одржани презентации во основните училишта „Св. Кирил и Методиј“ и „Раде Кратовче“, ИО „Ластовица“ од Кочани денес се претстави и пред учениците од ОУ „Никола Карев“.

Пред повеќе од 60 ученици на возраст помеѓу 11 и 15 години најпрвин беше направена ретроспектива на изминатите активности на одредот а потоа присутните беа запознаени и со главните цели на одредот за наредната година.

Обуката ја спроведоа членови на одредот кои веќе имаат поминато повеќе тренинг обуки и кампувања и се на добар пат да станат извиднички водичи.

Со обуката раководеа старешините на кочанските извидници, Благој Петров и Сашко Стефановски.

Тие очекуваат голема поддршка од локалната средина и од родителите на децата кои се потенцијални извидници. Со тоа, практично се отвораат вратите за упис на нови членови како од основните училишта, така и од повозрасните групи.

72.

73

74

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари